Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повторно разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а главни теми се Украина и она што се случува во таа земја.
Според АФП, Путин му порачал на Макрон дека „Западот мора да престане да испорачува оружје на Украина“.
Исто така, рускиот претседател навел дека „Киев е несериозен во преговорите за прекин на конфликтот“.