Владимир Путин му се заблагодари на Дедо Мраз што му помогнал да стане претседател на Русија, речиси 22 години откако влезе во Кремљ на 31 декември 1999 година.
„Отсекогаш сум имал добри односи со Дедо Мраз. Благодарен сум му што ми помогна да разговарам со вас како претседател, но уште повеќе сум му благодарен на рускиот народ што ми ја даде довербата за да седнам на оваа позиција“, им рекол Путин на новинарите кои го прашале какви врски одржува со Дедо Мраз.
Путин стана привремен претседател на Русија по оставката на Борис Елцин на 31 декември 1999 година и оттогаш владее со судбината на земјата.
Меѓутоа, во Русија, Дедо Мраз дели подароци на новогодишната ноќ.
„Се надевам дека ќе ни дадат подароци и ќе ги реализираат проектите на земјата и на секој граѓанин“, додаде Путин на својата годишна прес-конференција.