Путин на полигон ја надгледуваше обуката на мобилизираните резервисти

од Nikola Popovski
116 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го провери процесот на обука на мобилизираните резервисти на полигонот во регионот Рјазан.

Путин ја проверил борбената координација на единиците и подготвеноста на воениот персонал за извршување задачи во областа на специјалните операции.

Рускиот претседател ги надгледувал вежбите на припадниците на тактичките, противпожарните, инженерските и медицинските единици на полигонот.

Рускиот лидер го сослуша и извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој зборувал за борбената обука на различни армиски водови и борбената координација како дел од единиците.