147
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека најважна задача на руските одбранбени компании е да обезбедат оружје за сите единици на фронтот во потребната количина, со соодветен квалитет и во краток временски период.
Тој го изјави ова за време на посетата на Тула, каде ја посети фабриката „Шчелковски Вал“, која произведува противвоздушни системи Панцир-С и Панцир-С1, пренесе „Спутник“.
„Клучната задача е нашиот одбранбен комплекс да ги снабди сите единици кои се на линијата на фронтот со целото потребно оружје, опрема и муниција“, рече Путин.