213
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја не може да се развива изолирано од остатокот од светот и мора да се фокусира на развивање на сопствена технологија и поддршка на брзорастечките компании.
„Очигледно е дека не можеме да се развиваме изолирано од остатокот од светот и нема“, порача Путин, пренесе ТАСС.
Владимир Путин посочува дека антируските санкции претставуваат огромен предизвик за земјата, но дека Русија нема да се откаже, туку уште поинтензивно ќе се развива користејќи го постоечкиот потенцијал.