Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир Зеленски, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Забележува дека се уште нема вести за тоа прашање, пренесува ТАСС.
„Веќе кажавме дека рускиот претседател во принцип никогаш не одбил таква средба, но пред да се одржи, мора да се исполнат одредени услови, односно да се дополни текстот на документот“, рече Песков.