Путин не отфрла мировни преговори, но нема да се вклучи во нив додека трае украинската офанзива

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не ја отфрла идејата за мировни преговори за Украина, но дека не може да има прекин на огнот додека трае офанзивата на Киев.

Говорејќи по средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, тој рече дека африканските и кинеските иницијативи можат да послужат како основа за наоѓање мир, пренесува Би-Би-Си.

Украина и Русија претходно порачаа дека нема да дојдат на преговарачка маса без исполнување на одредени предуслови.  Киев нема да се откаже од својата територија, додека Москва бара Украина да ја прифати „новата територијална реалност“.

Путин исто така рече дека засега нема планови за интензивирање на акциите на украинскиот фронт.

Самитот Русија-Африка доаѓа откако африкански контингент, вклучувајќи лидери и претставници на седум земји, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со Путин минатиот месец.

Слични содржини