Путин: Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата

од Radmila Tasevska
401 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи изјави дека нема да има нов договор за жито со кој би се регулирал транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања, пренесуваат странските агенции.

Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито за шест африкански земји.

Тој во јули одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија. Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.

Слични содржини