Путин нема да се нурне во ледена вода поради пандемијата

од Nikola Popovski

Поради пандемијата на коронавирус, рускиот претседател Владимир Путин денеска на празникот Богојавление нема да се нурне во ледена вода, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека претседателот на Русија ги слушал препораките на претставниците на црквата и дека нема да оди на Богојавленската бањање, пренесува Танјуг, иако Путин традиционално на Богојавление се нурнува во ледена вода.

На Богојавление, верниците го слават денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, а на тој празник илјадници луѓе во Русија и останатите земји со православно население се капат во студените реки и езера.

Слични содржини