„Путин нема да застане на Украина“

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно нема да престане да се шири во Украина.

„Тој има многу поголеми амбиции од Украина. Тој всушност сака да го обнови поранешниот Советски Сојуз. За тоа се работи“, рече Бајден, пренесе Гардијан.

„И мислам дека неговите амбиции се во целосна спротивност во однос на местото каде што стигна светот“.

Американскиот претседател додаде дека неговите постапки скапо ќе ги чинат руските цивили, пренесе Ројтерс.

Претседателот на САД не ја исклучи можноста за воведување лични санкции на Путин, велејќи дека тие се уште се „на маса“.