Путин: Нема воени тензии на Арктикот, иако НАТО таму има големи вежби

од desk2
75 прегледи

Нема воени тензии на Арктикот, иако НАТО спроведува големи воени вежби во регионот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, во одговор на прашањето на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

-Не гледам никаква специфична воена напнатост на Арктикот, таму неа ја нема, рече рускиот лидер во одговор до модераторот.

Путин истакна дека НАТО спровел големи воени вежби во тој регион, додека Русија никогаш не практикува вежби од тој дел на Арктикот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на истиот настан денеска изјави дека Русија со своите активности на Арктикот никого не загрозува, туку само ја осигурува сопствената национална безбедност.

-Не работиме ништо, освен што ја чуваме безбедноста на нашата земја, рече Лавров .

Тој нагласи дека целта на сите нивни активности на Арктикот се исти како и во кој било руски регион. Со нивното однесување, никој не е загрозен и оти Русите само сакаат да ја осигураат одбранбената моќ на земјата.

Лавров истакна дека Русија никому не му се заканува, туку само го одржува одбранбениот капацитет, земајќи ја предвид ситуацијата, која ја опкружува таа држава.

Според него, изјавите дека Русија наводно сака да го милитаризира Арктикот не се вистинити и тие напротив не гледаат никаква причина, која би барала зголемено внимание на НАТО.