233
Рускиот претседател Владимир Путин денеска по повод Новата година им се обрати на граѓаните опкружен со воени лица и истакна дека одбраната на татковината е света должност на Русите кон нивните предци и потомци.
Тој минатата година ја оцени како година на клучни настани кои ги поставуваат темелите на иднината и независноста и посочи дека Русите покажале храброст и достоинство и ги поддржале учесниците во специјалната воена операција во Украина, пренесе РИА Новости.
„Заедно градиме и создаваме. Главната работа е судбината на Русија“, рече Путин.
Тој додаде дека неговата земја никогаш нема да потклекне пред западните обиди да ја искористи Украина како алатка за уништување на Русија.