Путин одликуваше свештеник кој загина во Украина: „Тој е херој на Русија“

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно го одликуваше православниот свештеник Михаил Василиев, кој неодамна загина во Украина. Свештеникот го доби „Орденот на херој на Руската Федерација“, што е највисокото признание во Русија.

Според независниот руски портал „Медуза“, Путин го наградил свештеникот „затоа што бил храбар херој додека ја исполнувал својата пасторална должност“.

Патријаршијата во Москва во неделата соопшти дека свештеникот Василиев „починал на 6 ноември во зоната на специјалните операции во Украина додека ги извршувал своите свештенички должности“.

Рускиот патријарх Кирил денеска ќе одржи посебна богослужба во црквата Христос Спасител во Москва по повод смртта на свештеникот.

Слични содржини