Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска отвори огромна фабрика за преработка на гас со која управува Гаспром на Далечниот исток, а производите ќе бидат наменети за Кина.
Преку видео врска, Путин ги употреби зборовите „Старт“ и го повика првиот човек на „Гаспром“, Алексеј Милер, да издаде наредба за започнување на работата на фабриката, претставена како една од најголемите фабрики за обработка на гас во светот.
Рускиот претседател рече дека проектот вредел 11,4 милијарди евра.
Фабриката зафаќа површина од 900 хектари. Планирано е да се преработат 43 милијарди кубни метри гас, кои ќе се претворат во хелиум, етан, пропан и бутан.
Производите се првенствено наменети за Кина.