43
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека по распадот на СССР, Западот сакал да постигне геополитичка доминација над Русија.
„На Русија ѝ стана јасно дека нема да биде почитувана сè додека не биде прогласена за суверена држава способна да ја брани својата иднина“, рече Путин во претходно необјавени делови од интервју за телевизискиот канал „Русија“, објави РИА Новости.
Рускиот лидер вели дека по распадот на СССР, Западот одлучил да „живее според правилата што ги измислил за себе“, игнорирајќи ги интересите на Русија.