Рускиот претседател Владимир Путин во телеграма до претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја потврдил подготвеноста за тесна соработка со турските власти во борбата против тероризмот, пренесе РИА Новости.
Претходно денеска при напад врз антивоеното демонстрации во Анкара загинаа 35 лица, а 126 беа повредени . “Во телеграма рускиот претседател изразил надеж дека изведувачите и организаторите на ова цинично недело ќе ја добијат заслужено казна и потврдил подготвеност за тесна соработка со властите на Турција во борбата против терористичката закана”, се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.
. Путин изразил сочувство кон Ердоган во врска со загинувањето на мирни граѓани и упатил искрено жалење кон роднините и блиските на загинатите и настраданите