Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да разговара за билатералните односи со украинскиот лидер Владимир Зеленски во Москва во секое време. Според шефот на државата, доколку Зеленски сака да започне со обновување на односите со Русија, Москва ќе го поздрави тоа.
Рускиот лидер додаде дека доколку Зеленски сака да разговара за прашањата на Донбас, прво треба да се сретне со раководството на Доњецк и Луганск, а дури потоа со раководството на Русија.
– Во последно време, сегашното раководство на Украина презеде многу чекори што ги уништуваат руско-украинските односи – одговори Путин на прашањето на новинарите на почетокот на средбата со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Според него, ова се однесува на низа проблеми во билатералните односи, односите со Руската православна црква и рускиот јазик.
– Постојат многу чекори насочени кон уништување на нашите односи, за кои, се разбира, можеме само да жалиме. Но, ако претседателот Зеленски сака да започне со обновување на овие односи, ние ќе го поздравиме тоа – нагласи Путин.
Претседателот додаде дека предлозите за преместување на контактната група за Донбас од Минск се слични на обидите да се избегне вистинско решение за проблемот.
Во вторникот, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го покани претседателот на Русија, Владимир Путин, да се состане каде било во Донбас.