Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се формира работна група за меѓународни плаќања.
Нејзините задачи ќе вклучуваат утврдување на условите за трансакции со непријателски држави, според Ројтерс.
Во март, Путин рече дека Русија, најголемиот светски производител на природен гас, ќе бара од земјите што ги смета за непријателски да плаќаат гориво во рубљи со отворање сметка во Гаспромбанк.
Полска и Бугарија одбија да го сторат тоа, а рускиот енергетски гигант Гаспром им го прекина снабдувањето минатиот месец. Кремљ соопшти дека истото ќе се случи со секој друг што ќе одбие нови услови за плаќање.
Работната група ќе дизајнира „инфраструктура за меѓународни плаќања, вклучително и во руски рубљи, со трговски партнери од странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија“, се наведува во наредбата, пренесува Индекс.
Ќе бидат разгледани и условите за плаќање во рубљи и други национални валути со пријателски земји – кои би ги вклучиле Кина и Индија иако не се именувани. Групата – предводена од претседателскиот советник Максим Орешкин – исто така има задача да најде мерки за намалување на ризиците поврзани со замрзнувањето на речиси половина од руските девизни резерви од 640 милијарди долари.