8
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната.
Во новата уредба „Основи на геополитиката во областа на нуклеарното задржување“ се прецизирани параметрите под кои може да се користи ова оружје, пренесе ТАСС.
„Државната политика во областа на нуклеарното ограничување е од одбранбена природа, насочена кон одржување на потенцијалот на нуклеарните сили на ниво доволно за да се обезбеди нуклеарно ограничување и да се гарантира заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“, се вели во документот, наведува Спутник.