Путин потпиша нов закон: Tешки затворски казни за сите кои ја загрозуваат безбедноста на Русија

од Nikola Popovski
135 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат тешки затворски казни за секој кој повикува на акција против руската безбедност, откако Москва го задушува секој глас против воената офанзива во Украина.

Според новите одредби објавени во четвртокот на порталот кој објавува документи потпишани од рускиот претседател Владимир Путин, јавните повици за поединци да дејствуваат против безбедноста на земјата сега ќе се казнуваат со затвор од две до четири години. Казната може да се зголеми на пет години, доколку повикот е упатен преку средствата за јавно информирање и на седум години ако е испратен од организирана група.

Рускиот претседател потпиша и текст за заострување на ограничувањата за поединци и организации означени како „странски агенции“, кој се користи за да се потисне критиката на Кремљ.

Друга мерка предвидува затворска казна до 20 години за секој руски државјанин кој учествува во конфликт во странска земја што е спротивно на руските интереси.

Путин потпиша и текст за парични и затворски казни до седум години за секој кој е запознаен со државните тајни и кој ја напушта земјата без претходно одобрение.

Овие документи се дел од групата Закони кои парламентот ги прифати во изминатите недели, а за стапување во сила им требаше само потпис на претседателот, пишува „Дневник.хр“.

Од почетокот на руската воена офанзива против Украина на 24 февруари, руските власти ја засилија својата акција против владините критичари со затворање на независни весници и социјални медиуми. Сега Законот ја казнува секоја форма на критика што го нарушува угледот на војската со тешка затворска казна.

Неколку Руси, вклучително и претставниците на опозицијата Илја Јашин и Владимир Кара-Мурза, како и обичните граѓани, веќе се затворени по такви обвиненија и чекаат судење.

Московскиот градски советник Алексеј Горинов минатата недела беше осуден на седум години затвор поради осуда на агресијата врз Украина.