Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за повик во октомври-декември 2015 година на граѓани на Руската федерација за воена служба. Документот беше објавен на сајтот на рускиот претседател, јави ТАСС.
Се повикуваат граѓани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резервниот состав и според законот подлежат на воена служба. Нивниот број е 147.000, се наведува во указот.