Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша закон со кој се изрекува затворска казна до 15 години за објавување „лажни“ информации за какви било активности на Русија во странство, пренесува АФП.
Со ова се прошири претходниот закон, кој е подиректно поврзан со инвазијата на соседна Украина.
Предлог-законот, усвоен од рускиот парламент оваа недела, предвидува затворски казни и парични казни за луѓето кои намерно објавуваат „лажни информации“. Доколку лажните информации „предизвикаат тешки последици“, се заканува затворска казна до 15 години.