Путин потпиша закон за казнување на странци кои ќе им помагаат на руските противници

од Nikola Popovski
21 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидува дека странските државјани можат да бидат осудени на казна затвор до 15 години за помагање на противник во активности насочени против безбедноста на Русија.

Законот предвидува кривична одговорност и затворска казна од 10 до 15 години за сите странски државјани и лица без државјанство кои ќе му пружат финансиска, материјално-техничка, консултативна или каква било друга помош на противникот на територијата на Русија.

Тоа се активности кои се јасно насочени против безбедноста на Руската Федерација.

Покрај затворската казна, предвидена е и парична казна во износ до 500.000 рубљи или во висина на платата или другите приходи на осуденото лице во период до три години.

Според законот, едно лице може да биде ослободено од одговорност ако навремено придонесе за спречување на штета на интересите на Русија.

Исто така, предвидена е и затворска казна до осум години за соработка на странски државјани со претставници на други држави во активности против безбедноста на Руската Федерација.

Слични содржини