Путин потпиша закон за воведување визи за дипломатите на ЕУ

од Берта Китинска
184 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји, јавуваат руските агенции.

Законот предвидува суспензија на визното олеснување за неколку категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и новинари и официјални делегации, наведува РИА Новости.