144
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува пропаганда на „нетрадиционални“ сексуални односи, промена на полот и педофилија, се наведува во базата на податоци на Долниот дом на рускиот парламент – Државната дума.
Беа направени измени на законот за информации, информатичка технологија и заштита на информации и други документи, пренесе ТАСС.
Според новиот закон, ваквата пропаганда е целосно забранета на социјалните мрежи, медиумите, филмовите и рекламите.