Одлуката на Русија да го ослободи украинскиот пилот Надја Савченко, која беше разменета за двајца уапсени во Украина руски војници, беше поздравена од групите за заштита на новековите права. Тие тврдат дека 2-годишното нејзиното задржување и 22-годишната пресуда за неа по обвинение за соучество за смртта на двајца руски новинари во Источна Украина е политичка демонстрација за политичко помирување меѓу Русија и Западот.

Двајцата руски војници – капетанот Евгениј Ерофеев и водник Александар Александров, кои беа фатени во Донбас, се сметаат за воени разузнавачи. Тие беа осудени на 14 години по различни обвиненија поврзани со тероризам . Русија тврди дека тие се поранешни војници и дејствувале во Украина како волонтери. Според заменик-директорот на канцеларијата на “Амнести интернешенел” за Европа и Централна Азија Денис Кривошиев “размената е многу необичен процес”. “Не е вообичаено да се разменат луѓе кои се обвинети за сериозни злосторства”, вели тој.
Дополнителна теза за ова е статијата на Путин напишана за грчки Катимерини каде вели дека Русија и ЕУ треба да почнат да градат нова економска и хуманитарна соработка.
DW: Груевски откри од каде потекнуваат налозите за хајката на невладините и ФООМ
“Русија и ЕУ стигнале веќе до еден крстопат, на кој треба да се даде одговор на прашањето како гледаме на иднината на нашите односи и по кој пат ќе тргнеме. Јас сум убеден дека од настаните во Украина треба да ги извадиме потребните заклучоци и да почнеме изградба од Атлантикот до Пацификот на една зона за економска и хуманитарна соработка врз основа на архитектурата за рамноправна и неделива безбедност. Значаен чекор во оваа насока би било хармонизацијата на процедурите на европската и евроазиската интеграција “, истакна Путин. Овој потфат станува неопходен поради фактот дека Европа денес се соочува со растечка конкуренција од други центри за влијание во современиот свет, истакна тој. Рускиот претседател истакна дека за да може Стариот континент да добие фер место во новата меѓународна реалност, треба да се обединат силите на сите европски земји, вклучувајќи и на Русија.
“Пред односите меѓу Русија и Европа не постојат нерешливите проблеми”, пишува Владимир Путин. Според него, за да има повторно мултилатерално партнерство, треба да има заемно почитување на интересите и ставовите на другиот. Москва поаѓа од потребата да се воспостави дијалог во духот на еднаквост и партнерство со ЕУ за широк спектар прашања – од визната либерализација до формирање на енергетска унија. Сеуште не гледаме во нашите европски партнери подготвеност да тргнат по тој пат, смета рускиот претседател. Важен елемент во таа насока се и многуаспектните руско-грчки односи, пишува рускиот претседател, и го нагласува особено значењето на енергетскиот сектор. Путин изрази убеденост дека пријателските односи со Грција претставуваат стабилна база за ветувачко идно партнерство. “Се надевам дека ќе го засилиме понатамошниот дијалог и ќе ги реализираме заедно нашите планови”, пишува рускиот претседател за “Катимерини”.