Путин пристигна на Крим: Ќе присуствува на прославата на деветгодишнината од анексијата (ФОТО)

од Radmila Tasevska
158 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на Крим за да ја одбележи деветгодишнината од анексијата на овој остров, јавуваат руските медиуми.

Путин во моментов е во Севастопол, каде присуствува на отворањето на Училиштето за уметност и детскиот центар „Корсун“ во Херсонез, пренесува РИА Новости.

Ова е првпат Путин да биде виден во јавноста откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Да потсетиме дека Русија го анектираше овој остров во 2014 година, а овој потег беше осуден од меѓународната заедница како незаконски.

Слични содржини