Рускиот претседател, Владимир Путин, слета во Узбекистан. Тој денеска треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, првпат од почетокот на конфликтот во Украина, на самитот на Шангајската организација за соработка, кој се одржува во Узбекистан.
На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимките од слетувањето на Путин во Узбекистан, а на многумина им падна око фактот дека тој избегна да се ракува со толпата.
Многумина веруваат дека тоа се должи на фактот што Путин се плаши од коронавирусот и затоа избегнува близок контакт со луѓето и се држи на дистанца.
Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, рускиот претседател денеска ќе се сретне со својот колега од Киргистан, Садир Јапаров, со претседателот на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов, со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, со премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф и претседателот на Кина, Си Џинпинг.
Покрај тоа, денеска ќе се одржи и трилатералниот самит Русија-Монголија-Кина.
Претседателот на Русија во петок ќе има билатерални разговори со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, со премиерот на Индија, Нарендра Моди и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.