Путин: Размислуваме за одговор доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Кремљ денеска објави дека рускиот претседател Владимир Путин предупредил дека официјална Москва разгледува различни начини да одговори доколку Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници во НАТО и дозволат на Украина да користи западно оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.

„Руското Министерство за одбрана (РМО) размислува како да одговори на можните напади со долг дострел на руска територија и ќе понуди голем број можни опции“, изјави Путин за новинарот на државната телевизија Павло Зарубин, пренесe ТАСС.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли своите сојузници да и дозволат на Украина да лансира западни ракети со долг дострел, вклучувајќи ги американските ATACMS и британските Storm Shadows, длабоко на руската територија за да ја ограничат способноста на Москва да изврши напади.

Слични содржини