Путин: Русија ќе задржи зголемено внимание на зајакнувањето на нуклеарните сили

од Radmila Tasevska
152 прегледи

Рускиот претседател, Владимир Путин најави дека Москва ќе задржи зголемено внимание на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, во обраќањето по повод денешниот национален празник на Бранителот на татковината.

„Како и досега, ќе посветиме зголемено внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, рече Путин, мислејќи на нуклеарните ракети стационирани на копно, море и во воздух, пренесе Ројтерс.

Путин најави дека оваа година за прв пат ќе бидат распоредени интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.

Слични содржини