152
Рускиот претседател, Владимир Путин најави дека Москва ќе задржи зголемено внимание на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, во обраќањето по повод денешниот национален празник на Бранителот на татковината.
„Како и досега, ќе посветиме зголемено внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, рече Путин, мислејќи на нуклеарните ракети стационирани на копно, море и во воздух, пренесе Ројтерс.
Путин најави дека оваа година за прв пат ќе бидат распоредени интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.