Со децении Русија трпеливо се обидуваше да ги нормализира односите со Украина, но ситуацијата се промени по државниот удар во 2014 година, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе агенцијата ТАСС.
„Со децении трпеливо се обидуваме да ги нормализираме односите со модерната украинска држава“, рече Путин на состанокот со работниците во фабриката за авиони во Улан-Уде.
„Ситуацијата драматично се промени во 2014 година, кога беше извршен државен удар што беше поттикнат од Западот“, посочи Путин.