62
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена за дијалог со САД, додавајќи дека во таа земја има сигнали за подготвеност да започне дијалози за стратешка стабилност, но дека тие се претвораат во говори на апстрактни теми.
„Да го почекаме формирањето на новата администрација и да разбереме кои се нејзините планови и преференции, сакам да повторам – ние сме подготвени за тоа“, рече Путин, пренесува РИА.
Тој посочи дека не е запознаен со предлозите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за мирен крај на конфликтот во Украина.