Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека Русија се уште е сигурен производител и снабдувач на житарки, ѓубрива и енергија, соопшти Кремљ.
Путин му ги посочил на Моди „системските грешки“ кои, како што тврди тој, „ги направиле многу земји, што довело до нарушување на архитектурата на слободната трговија со прехранбени производи и предизвикало значително зголемување на нивните цени“, пренесува РИА Новости.
„Нелегитимните санкции против Русија ја влошија и онака тешката ситуација. Истите фактори негативно влијаеа на глобалниот енергетски пазар“, рече рускиот претседател.