Путин: Русија го издржа невидениот притисок од Западот

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата го издржала „притисокот без преседан на Западот“, оценувајќи дека политиката на западните земји кон Русија пропаднала.

„Главниот негативен фактор за економијата во последно време е притисокот од санкциите од западните земји. Нивната пресметка беше брзо да ја поткопаат финансиската и економската состојба кај нас, да предизвикаат паника на пазарите, колапс на банкарскиот систем, голем недостиг на стоки во продавниците. Но, веќе можеме со сигурност да кажеме дека таквата политика кон Русија пропадна“, рече тој на средбата за социо-економски прашања.

Според агенцијата РИА Новости, Путин изјавил дека побарувачката на мало во Русија се вратила во нормала, по првичното нарушување кога, како што рече, имало „краткорочна голема побарувачка за голем број стоки, што постојано се случува во такви ситуации“.