53
Русија извршува приближно 65 отсто од плаќањата со земјите од БРИКС во национални валути, изјави денеска претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за време на своето обраќање на Источниот економски форум во Владивосток.
Зборувајќи за економските теми, Путин додаде дека Русија не спроведува дедоларизација, туку се приспособила на ситуацијата кога и беше одбиено плаќањето во долари, пишува порталот „Ведомости“.
„Мислам дека веќе сфаќаат дека згрешиле, но не можат да скршнат од тој пат, не им е удобно да признаат дека згрешиле. Алатките што ги користат не функционираат. Се движиме кон националните валути и тоа е тоа. “ рече тој.