Рускиот претседател Владимир Путин повика на диверсификација на рускиот извоз на енергија кон Азија.
Тој предупреди дека европските земји го дестабилизирале пазарот со тоа што почнале да избегнуваат руски гас и нафта.
„Обидите да се истиснат руските добавувачи, да се заменат нашите енергетски извори со алтернативни, неповратно ќе влијаат на целата глобална економија“, рече Путин.
Тој изјави дека Русија „чекор по чекор“ ќе го пренасочи својот извоз кон „брзорастечките пазари на југ и на исток“, пренесува Би-Би-Си.
Поради минатогодишниот раст на цените на нафтата и гасот, приходите од овие извори на енергија учествуваа со 36 отсто од расходите на руската влада.
Најголем дел од тие приходи доаѓаат од ЕУ, која увезува околу 40 отсто од гасот и 27 отсто од нафтата од Русија.