Путин: Русија ќе направи сè за Египет да се интегрира во БРИКС

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Русија ќе се обиде да направи сè за Египет да се интегрира во БРИКС за време додека Русија е претседавач со таа организација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Путин во моментов е во посета на Египет, каде заедно со египетскиот колега Абдел Фатах Ал-Сиси го истури бетонот во темелите на идната нуклеарна централа Ал Даба, пренесува РИА Новости.

„Се отвораат нови ветувачки можности за зголемување на нашата плодна соработка во врска со пристапувањето на Египет во БРИКС. Сакам да нагласам дека Русија од самиот почеток искрено ја поддржува желбата на египетската страна да стане полноправна членка на оваа организација“, рече Путин и додаде дека Москва планира да одржи повеќе од 200 настани поврзани со БРИКС, како и дека очекува египетските претставници да земат активно учество во нив.

На први јануари Русија го презеде претседателството со БРИКС.

На почетокот на годината, покрај Бразил, членки на БРИКС станаа и Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Во исто време, откако Хавиер Миле стана претседател на Аргентина, таа земја се откажа од членството во БРИКС.

Слични содржини