Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Западот ја користи доктрината за човекови права за да го уништи суверенитетот на другите земји.
„Би сакал да нагласам дека актуелната хуманитарна криза е резултат на постојаните обиди на колективниот Запад да го уништи суверенитетот на другите и да обезбеди сопствена доминација“, рече Путин на конференцијата во Москва по повод 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека Русија останува посветена на човековите права и покрај двојните стандарди на Западот, кои ја принудија Москва да се откаже од членството во неколку меѓународни организации.
Според рускиот лидер, Советот за човекови права на Обединетите нации, Советот на Европа и другите меѓународни институции покажале политичка предрасуда кон Русија од избувнувањето на конфликтот во Донбас и Новорусија.
„Имајќи го предвид односот на Западот кон Русија, нашата земја беше принудена да се повлече од меѓународни организации, но продолжува да ги исполнува своите обврски во сферата на човековите права“, рече Путин.