Путин: Русија започна со сериско производство на ракетниот систем „Орешник“

„Создадовме, пуштивме во употреба и започнавме со сериско производство на ракетниот систем со среден дострел „Орешник“, изјави вчера Путин

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ ТВ ФРОНТ

Русија започна со сериско производство на ракетниот систем „Орешник“, објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Создадовме, пуштивме во употреба и започнавме со сериско производство на ракетниот систем со среден дострел „Орешник“, изјави вчера Путин за време на церемонијата на доделување награди на производителите на системите „Посејдон“ и „Буревестник“, пренесува РИА Новости.

Тој, исто така, објави дека производството на системите „Буревестник“ и „Посејдон“ има историско значење за рускиот народ и е важно за безбедноста и стратешкиот паритет во наредните децении.