Путин: Русија не е виновна за војната во Украина, двете земји ја делат трагедијата

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не е виновна за војната во Украина, наведувајќи дека двете земји „ја делат трагедијата“.

За време на телевизиското обраќање, Путин рече дека се уште ја гледа Украина како „братска нација“ и дека конфликтот е „резултат на политиката на трети земји“, а не на руската политика, пренесува Би-Би-Си.

„Нема за што да не обвинувате. Отсекогаш сме ги гледале Украинците како братски народ и сè уште мислам така. Ова што се случува сега е трагедија, но ние не сме виновни“, рече Путин.