193
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот учествуваше во Богојавленското капење. Тоа го направи надвор од Москва“, рече Песков и додаде дека Путин ja „следеше личната традиција“, пренесува ТАСС.
Посочи дека годинава нема да има фотографии и видеа.