Путин се обраќа на медиумите по средбата со Бајден: Разговорите беа добри (ВО ЖИВО)

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин, водеше неколкучасовни преговори со неговиот американски колега, Џозеф Бајден. Двајцата се сретнаа нешто пред 13 часот во Вила Ла Гранж на брегот на Женевското езеро, а по средбата, Путин се обрати пред новинарите.

На почетокот на конференцијата, Путин рече дека разговорите биле добри.

– Двете страни покажаа подготвеност да најдат начин за решавање на тековните проблеми – посочи претседателот.

Според него, постигнат е договор за иницирање консултации за прашањето за стратешка стабилност на институционално ниво.

Тој исто така рече дека на состанокот е постигнат договор за враќање на руските и американските амбасадори.

https://www.youtube.com/watch?v=QpO7gvxpMqk