Путин се огласи: Напаѓачите се упатиле кон Украина каде ги чекал безбеден премин

од Симе Стоиков

Рускиот претседател Владимир Путин масакрот во концертната сала во Москва го нарече „варварски напад“.

На почетокот на пораката Путин најпрвин изрази благодарност до спасувачките служби кои направија се за да спасат што повеќе животи и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

– Напаѓачите се упатија кон Украина, каде ги чекаше безбеден премин. Истражните и органите на редот ќе вложат максимални напори да ги утврдат сите детали за терористичкиот напад. Ќе ги идентификуваме и казниме сите одговорни. Криминалците ладнокрвно убиваа Руси и пукаа во Руси од непосредна близина како порано нацистите. Русија повеќе пати минувала низ најтешките искушенија. Така ќе биде и сега – рече Путин.

Рускиот лидер прогласи национална жалост во Русија во неделата.

Група терористи, да потсетиме, отвори оган во петокот околу 20 часот во концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва, по што подметнаа пожарот и побегнаа. Најмалку 143 лица загинаа, но Рускиот истражен комитет очекува многу повеќе жртви со оглед на големиот број тешко повредени.

Повеќе од 100 лица се хоспитализирани, од кои половина се во тешка состојба. Терористите биле уапсени околу 3 часот по полноќ во областа Брјанск додека се обидувале да стигнат до Украина.

Слични содржини