Путин се пожали на замор, а сега се појави ВИДЕО како дреме на состанок

од Nikola Popovski
179 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа рускиот претседател Владимир Путин и неговите официјални претставници како спијат за време на состанок.

На видеото се гледа како рускиот лидер дреме за време на седницата на државниот совет за развојот на туризмот во Русија.

Видеото се појави по тврдењата дека Путин „се пожалил на лекарите на замор и отежнато дишење“ за време на неговото патување на далечниот исток на Русија за да присуствува на големите воени вежби „Восток 2022“.

https://www.youtube.com/watch?v=OwUHja3qyIc&feature=emb_title&ab_channel=BeontrackNewsfirstAmakurukugihe

Снимките од состанокот на државниот совет, исто така, покажуваат дека претставниците на Путин, исто така, се обидуваат да ги држат очите отворени додека зборуваат. Но, изгледа не успеале, бидејќи и тие заспале.

Според светските медиуми, се чини дека руските функционери тешко отишле на далечниот исток на Русија бидејќи морале да сменат седум временски зони.

Телеграм каналот „General SVR“ истакнува дека Путин имал проблеми со бубрезите пред неговото патување на Камчатка, дека имал отоци на лицето и големи „подочнаци“ .

„И покрај употребата на лекови, немаше јасно подобрување. По пристигнувањето на Камчатка, Путин се пожали на замор и отежнато дишење, но сепак одлучи да присуствува на планираните активности“, се вели во соопштението.

Фото: Бобылёв Сергей, Фотохост-агентство ТАСС