Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека секој обид на други земји да го национализираат рускиот удел во компаниите ќе биде „меч со две острици“.
„Веќе ги слушаме изјавите на официјални лица за можна национализација на дел од нашиот имот. До каде ќе не однесе тоа? Никој да не заборави дека тоа е меч со две острици“, рече Путин.
Путин го критикуваше и „административниот притисок“ врз руската државна компанија Газпром „во некои европски земји“.
Вчера Германија ја овласти владината агенција да управува со долгогодишната филијала на Гаспром во таа земја, но таа не ја презеде сопственоста на акциите, туку се работи за привремена промена на администрацијата до септември.
Газпром минатата недела соопшти дека ги прекинала врските со компанијата во Германија, која владата во Берлин не ја признава, тврдејќи дека идентитетот на новите сопственици е нејасен и дека договорот е постигнат без нејзино одобрение.