Путин: Ситуацијата во светот е тешка и напната

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин оцени дека ситуацијата во светот е тешка и напната и укажа на влошување на старите и отворање нови конфликти во голем број региони.

Путин, обраќајќи им се на учесниците на 11-от состанок на секретарите на Советот за безбедност на Заедницата на независни држави (ЗНД), кој започна денеска во Москва, рече дека тоа може да се види посебно на Блискиот Исток, каде, како што наведе, предизвикана е нова рунда на палестинско-израелски конфликт, конфронтации во кои страдаат пред се цивили.

Според Путин, некои земји се обидуваат да ги поткопаат легитимните власти во земјите на ЗНД и врските меѓу нив, што бара координиран колективен одговор, пренесува „Интерфакс“.

Слични содржини