Путин смени пет генерали, тврдат од Москва

од Nikola Popovski
287 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин сменил пет генерали и еден полициски полковник, се наведува во извештајот на московската медиумска групација „RBC“.

Се наведува дека воените неуспеси на руската армија во Украина се причина за промените.

Како што пренесува „Newsweek“, Путин во понеделникот издаде декрет за разрешување на пет генерали од руското Министерство за внатрешни работи, изјавил неименуван функционер, како дел од ротацијата на персоналот.

Овој извештај доаѓа во време кога инвазијата на Украина се приближува до својот 100-ти ден, а силите на Путин досега претрпеа сериозни воени неуспеси.

Руската армија не успеа да го освои украинскиот главен град Киев и мораше да се повлече од околината на главниот град откако наиде на жесток отпор од украинската армија.

Најжестоките борби во моментов се водат во источниот регион на Донбас, каде што се водат жестоки гранатирања и улични борби во градот Северодонецк.