Путин: Смешна е замислата американски војници да шетаат во руски нуклеарни објекти

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не се противи на учеството на земјите од НАТО во дискусијата за Договорот за стратешкото офанзивно оружје (СТАРТ), но дека е „едноставно смешно“ да се замислуваат американски војници во руски нуклеарни објекти.

„Покрај сè друго, кога тие го прават она што го прават денес во Украина, едноставно не можам да замислам американски војници да шетаат по нашите нуклеарни објекти. Тоа е едноставно смешно“, нагласи Путин во интервју за телевизијата „Россија-1“, пренесува „Спутник“.

Претседателот на Русија изјави дека Москва е принудена да се врати на темата за нуклеарниот потенцијал на Велика Британија и Франција, бидејќи НАТО „покажа дека претставува воен, а не политички блок“.

Слични содржини