Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија, заедно со БРИКС, има намера да продолжи да гради систем на меѓународна соработка ослободен од каква било форма на дискриминација.
Тој го изјави ова во пресрет на 28-от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), кој ќе се одржи од 18 до 21 јуни, пред учесниците, организаторите и гостите, пренесува РИА Новости.
„Заедно со нашите партнери, првенствено во рамките на БРИКС, имаме намера да продолжиме да работиме на градење ефикасен систем на рамноправна и меѓусебно корисна меѓународна соработка, ослободен од каква било форма на дискриминација, диктати и притисоци“, рече Путин, пренесува РИА Новости.